Медведев: Со операцијата против ИД во Сирија ги штитиме Русите од заканата на тероризмот

Премиерот на РФ Дмитриј Медведев изјави дека операцијата на Воздушно-космичките сили на Русија во Сирија против бунтовниците на „Исламската држава“ е заради заштита на Русите од тероризмот.

Спроведувајќи ја воената операција против „Исламската држава“ во Сирија, Русија ги штити своите граѓани од заканата на тероризмот, изјави премиерот на РФ Дмитриј Медведев. Според неговите зборови, подобро е тоа да се прави во странство, отколку во земјата, пренесува РИА „Новости“.

„Ние го штитиме народот на Русија од заканата на тероризмот, затоа што е подобро тоа да го правиме во странство, отколку да се бориме со тероризмот во земјата“, истакна шефот на државата во програмата на телевизијата „Русија 24“.  

Зборувајќи за ситуацијата во Сирија во целина, премиерот изјави дека најважно  во врска со ова прашање е да се реши сириската криза по мирен пат, а страните во конфликтот, властите на арапската република и таканаречената опозиција, да седнат на преговарачка маса.  

„Најважно е сѐ да се реши со преговори, да се успее да се седнат на иста маса и опозицијата, и властите, и тие да ги изработат предлозите за иднината на Сирија“, изјави Медведев, а пренесува „RT“.


 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња