Медведев: Русија нема глобални економски интереси во Сирија

Јасно е дека Русија има економски односи со Сирија и останатите арапски земји, меѓутоа нема никакви глобални економски интереси во Сирија, изјави рускиот премиер Дмитриј Медведев.

Русија нема глобални економски интереси во Сирија. Претпоставките дека операцијата на Воздушно-космички сили во оваа земја, наводно, следи економски цели е теорија на завера и пропаганда, рече рускиот премиер Дмитриј Медведев, а пренесува „Взгљад”.

„По прашањето на економската страна, јасно е, се разбира, дека имаме економски односи со Сирија и останатите арапски земји. Меѓутоа, ние немаме никакви глобални економски интереси во Сирија“, рече Медведев.

„Да, ние испорачуваме таму оружје, но не се работи за нереални износи, можеби за стотици милиони долари. А знаете дека целиот наш пакет нарачки изнесува 15 милијарди долари. Тоа со други зборови кажува дека немаме никакви натприродни економски интереси“, додаде рускиот премиер.

Претпоставките за тоа дека Русија наводно го штити пазарот за своето оружје, или дека наводно сака да го спречи Катар да изгради гасовод до Средоземното море, Медведев ги окарактеризира како „совршено сценарио за теорија на завера“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња