Пентагон и Министерството за одбрана на Русија ги оддржаа првите консултации за Сирија

Пентагон и Министерството за одбрана на Русија првпат одржаа консултации за Сирија, изјави портпаролот на Белата куќа Џош Ернест.

Пентагон и Министерството за одбрана на Русија првпат одржаа консултации за Сирија, изјави портпаролот на Белата куќа Џош Ернест, пренесува „Лента.ру.“

Дискусиите меѓу воените претставници траеле околу час. Од американска страна во преговорите учествувала Елса Слоткин, вршител на должноста помошник на министерот за одбрана за меѓународна безбедност.  

„Дискусијата беше посветена на тоа, како САД и РФ можат да соработуваат за спречување на конфликти (во Сирија). Таквите дискусии ќе бидат продолжени“, додаде Ернест.

На брифингот во Вашингтон портпаролот на Белата куќа изјави дека САД би го поздравиле „рускиот конструктивен придонес во стратегијата за ослабување и подоцно уништување“ на терористичката група „Исламска држава“.   

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња