Официјално претставена Lada Vesta Cross

На денешната изложба Off-Road Show 2015 АвтоВАЗ ја претстави новата верзија на Lada Vesta Cross.

На денешната изложба Off-Road Show 2015 АвтоВАЗ ја претстави новата верзија на перспективниот универзален автомобил Lada Vesta Cross. Како што се очекуваше, тоа е практичен автомобил со динамичен облик. Предниот дел на автомобилот е речиси идентичен со седанот Vesta, а потоа почнува некаков вид на „магија“ – околу 300 новитети кои се однесуваат не само на изгледот на автомобилот, туку и на салонот и на техничкиот дел. 

За да може да биде претставен на време, соработниците на „ АвтоВАЗ“ кои работат на проектот Vesta се откажаа од годишниот одмор. И нема во тоа ништо чудно, затоа што почетокот на производството на седанот започна на 25 септември, а по една година ќе почне и сериското производство на универзалниот автомобил Vesta и, веројатно, неговатa Cross верзија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња