Руските власти немаа намера да вршат национализација во земјата и да создадат државен капитализам, без оглед на економските потешкотии, изјави претседателот на Русија Владимир Путин на седницата на Советот за развој на граѓанското општество и човековите права.
„Ние немаме намера да национализираме ништо, немаме намера да создаваме државен капитализам, туку повеќе од тоа, дури и нашите големи компании – подготвени сме да направиме определени чекори во правец на нивна понатамошна приватизација. Но секогаш останува прашањето: знаете, евтино не сакаме да продаваме, но работата дури и не е во обемот на парите што ќе се добијат, туку во создавањето определена економска структура“, ги пренесува зборовите на рускиот претседател РИА „Новости“.
„Најважно е што се обидуваме да направиме во моментов е да се ослободи од бирократијата и да се прошири просторот за економска слобода, да се намали административниот притисок, и тоа сите видови притисок од стана на државата – од позиција на сила, и од судски, и од секаков, да се заштитат правата на претприемачите“, истакна Путин, а пренесува „Взгљад“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче