Русија игра сѐ поважна улога во решавањето на сириското прашање поради нерешителноста на Западот во борбата против „Исламската држава“, ги оценуваат германските медиуми руските воздушни операции против терористичката организација во Сирија, пренесува „Взгљад”.
„Интервенцијата на Москва е објава на банкротот на Западот кој остро ги исцртуваше „црвените линии“ пред Асад, но не донесуваше заклучоци кога тој ги пречекоруваше. Западот беше нерешителен и покажа кукавичлук, и тоа сега го користи Русија“, истакнува весникот „Ди Велт“.
Според весникот „Билт“, со своите постапки во Сирија, Русија си ја враќа својата водечка улога во светската политика. Меѓутоа, паралелно со тоа, ситуацијата во светот се влошува. „Во Авганистан повторно се борат за власт исламистите. Како бумеранг се враќа заминувањето на претседателот Барак Обама од регионот во политичка и воена смисла“, наведува изданието. Американското раководство „остави зад себе хаос и вакуум во власта“, кои сега ги пополнува Русија. Според пишувањето на весникот, Русија „има план”, а Западот „за жал, нема”.
„Правејќи чекор кон Сирија, Путин значително го прошири делокругот на руските акции. Москва уште од студената војна немала таква активност во друг регионот во светот“, се наведува во статијата на „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче