Министерството за одбрана на САД соопшти дека Русија барала од Америка нејзините авиони да го избегнуваат воздушниот простор на Сирија, но Вашингтон одбива да го стори тоа.
Коалицијата предводена од САД ги продолжува воздушните напади во Ирак и Сирија, и покрај барањето на руската страна да се избегнува воздушниот простор на арапската република, соопшти Пентагон, а пренесува „Взгљад”.
„Иако би ја поздравиле конструктивната улога на Русија во овие напори, денешниот демарш не покажува дека таа игра таква улога и на ниеден начин нема да ги смени своите операции. Тоа исто така ја истакнува неопходноста за итно одржување на преговори за да се избегнат конфликтни ситуации“, изјави претставник на американското министерство.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче