„Си-Ен-Ен“: Ставот на Путин е многу разумен

Путин говореше за она што го загрижува поголемиот дел од светот, а тоа е уништувањето на ИДИЛ, но притоа додаде свој „шлаг на тортата“ – повика Асад да остане на власт, рече новинарката на „Си-Ен-Ен“ Кристијана Аманпур.

Според мислењето на новинарката на „Си-Ен-Ен“ Кристијана Аманпур, говорот на Владимир Путин во Обединетите нации, во кој тој изнесе критика спрема САД, не беше неочекуван. Рускиот лидер, смета таа, изнесе многу „паметен став“ за заканата од „Исламската држава“. Притоа тој инсистираше на тоа дека Асад треба да остане на власт.

„Тоа е гледањето на светот на Владимир Путин, кој десет години не беше во Обединетите нации, а исто така е исклучен и од Г-8. Тој почна од критиките на еднополарниот свет кој е формиран по студената војна. Со други зборови, една земја, а тоа се САД, се гледаат себеси на врвот на светот и се убедени во својата историска ексклузивност“, рече Аманпур за „Си-Ен-ЕН“, а пренесува RT.

„Потоа тој зборуваше за многу нешта, вклучувајќи ја и Сирија, како што сите очекувавме. И тој многу јасно кажа дека светот згреши затоа што не соработуваше со сириската власт, не соработуваше со Асад и дека Асад е единствениот човек кој е во состојба да се бори против ИДИЛ и кој се бори против оваа организација. И потоа рече дека единствен излез од оваа трагична ситуација е обнова на државата и нејзините структури“, изјави американската новинарка.

„Тоа е неговиот став спрема она што се случува во Сирија и тоа е многу паметен став. Тој направи многу, вклучувајќи ја и пропагандата на руската телевизија, за да покаже дека ИДИЛ и нејзиниот култ претставуваат голема закана за светот. Дури и Обама ја нарече ИДИЛ „апокалиптичен култ“ и тоа е така, тоа е култ на смртта. На тој начин Путин говореше за она што го загрижува поголемиот дел од светот, а тоа е уништувањето на „Исламската држава“, но притоа додаде свој „шлаг на тортата“ – повика Асад да остане на власт. И тоа е сериозно прашање, затоа што претседателот Обама и останатите, очигледно, планираат да тргнат по тој пат“, заклучи новинарката.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња