Путин задоволен од посетата на Њујорк

„Задоволен сам. Не се губи време на протокол, туку директно се разговара за прашања од заемен или глобален интерес“, рече Путин.

Говорот на Владимир Путин на Генералното собрание на Обединетите нации беше само почеток на работата, пренесува известувачот на весникот „Комсомолскаја правда”. Рускиот претседател потоа го очекуваше низа билатерални средби. По разговорот со генералниот секретар на ОН дојде ред на Раул Кастро, а одејќи кон претседателот на Иран Путин успеа и да размени неколку збора со премиерот на Ирак. Премиерот на Јапонија доцнеше на средбата и затрчан влезе кај Путин, пишува „Комсомолскаја правда“.

На неофицијалната вечера Бан Ки Мун во разговорот со Путин изјави дека многу се надева дека Русија и САД ќе можат да се договорат за сѐ, и премина од зборови на дела. Ги смести Путин и Обама до себе, а самиот отиде да наздрави во чест на годишнината на ОН. Така Путин и Обама мораа да наздрават, а потоа и да разменат неколку зборови, пишува КП.

Путин на прашањето на „Комсомолскаја правда“ за тоа колку е задоволен од посетата на Њујорк рече:

„Задоволен сум. Посетата беше многу корисна. Во вакви пригоди има многу контакти, разговори. Тие не се толку официјални, но се многу продуктивни. Не се губи времето на протокол, туку директно се разговара за прашања од заемен или глобален интерес“, изјави Путин.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња