САД се директно вмешани во соборувањето на претседателот на Украина Виктор Јанукович, изјави претседателот на Русија Владимир Путин во интервјуто за американските телевизии „Си-Би-Ес“ и „Пи-Би-Ес“.
„Нашите партнери во Соединетите Држави не кријат дека ги поддржуваа оние кои беа против претседателот Јанукович“, ја пренесува РИА „Новости” изјавата на Путин.
На прашањето дали смета дека САД се одговорни за соборувањето на Виктор Јанукович, Путин одговори: „Со сигурност знам за тоа“. Претседателот објасни дека Русија има „илјадници заеднички проекти и врски“ со жителите на Украина.
„И ние знаеме кој, каде и кога се состанувал, работел со луѓето кои го симнаа Јанукович од власт, како ги поддржуваа, колку им платија, како ги подготвуваа, на кои територии, во кои земји и кои беа инструктори. Знаеме сѐ. На крајот на краиштата, нашите американски партнери тоа повеќе не го кријат“, рече Путин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче