Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин апелираше дека треба да се почитуваат различните земји и да не им се наметнува ист модел на развој.
„Сите сме различни и спрема тоа треба да се однесуваме со почит“, изјави Путин. „Никој не е должен да се прилагодува на еден модел на развој кој некој го прогласил за единствено правилен за сите времиња“.
Според него, „истото се однесува и на таканаречената легитимност на државната власт”. „Не треба да се игра и манипулира со зборовите”, изјави Путин. „Во меѓународното право, во меѓународните односи секој термин треба да биде јасен, разбирлив и треба да има исто значење“.
Претседателот на Русија додаде дека главното прашање на државноста е слободата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче