Медиуми: Русија планира да нанесува удари врз ИД со или без учество на САД

Според информациите на извори на агенцијата „Блумберг“, Москва се надева дека САД ќе се согласат на заедничка борба против бунтовниците, но е подготвена да дејствува и без американска помош.

Русија планира да нанесува воздушни напади врз позициите на „Исламска држава“ на територијата на Сирија дури и ако САД го одбијат предлогот за обединување на силите, изјавија за агенцијата „Блумберг“ два извора запознаени со ситуацијата.

Приоритетниот план се состои обединување на напорите на САД и нивните сојузници со Русија, Иран и сириската армија, но со тие предлози американската администрација засега не се согласува, изјави изворот близок до Кремљ, како и извор близок до руското министерство за одбрана.  

Предлозите на Москва предвидуваат паралелна реализација на воени дејствија против силите на ИДИЛ, како и политичко предавање на власта од страна на претседателот на Сирија Башар Асад, на што инсистираат САД, соопшти уште еден извор.

Извор во администрацијата на претседателот на САД изјави за агенцијата дека Вашингтон е подготвен да дискутира за прашањето за координирање на нападите, за да се избегнат можни инциденти со руските авиони, меѓутоа Америка и нејзините сојузници засега не добиле од Москва „конкретни“ предлози и нема да ги вклучат во планот за заеднички дејствија силите на сирискиот претседател.

Сепак, според информациите на агенцијата, руските власти се разочарани од нерешителноста на САД и се подготвени да дејствуваат самостојно.

Притоа, тврди „Блумберг“, Кремљ веќе подготвил проект до Советот на Федерацијата со барање за дозвола за испраќање две илјади специјалисти. Сепак, засега такво барање не е стигнато во Горниот дом на рускиот парламент.  

Истовремено рускиот предлог ја заинтересирал Саудиска Арабија која, како што истакнува изданието, испорачува оружје до сириската опозиција. Саудиска Арабија е подготвена да се согласи со планот на Москва, според кој Асад ќе ја задржи претседателската функција во преодниот период, а потоа ќе го напушти своето место. „Блумберг“ ги цитира и зборовите на саудискиот генерал во пензија Анвар Ешки, кој смета дека учеството на Русија ќе помогне да се стабилизира ситуацијата во Сирија и ќе ги зголеми шансите за победа над терористите од ИД.

„Сириската опозиција треба да дејствува рамо до рамо со Русија“, смета тој. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња