Пакистан потврди дека е заинтересиран за Су-35

Пакистан е подготвен да го унапреди своето воено воздухопловство со купување на авионот што се смета за најдобар на светот – рускиот ловец Су-35.

Пакистан потврди дека е заинтересиран за купување руски ловци Су-35. Овој договор би можел да стане најголем меѓу двете земји, макар што конечна одлука сѐ уште не е донесена, пишуваат западни медиуми повикувајќи се на пакистанско официјално лице, пренесува агенцијата „Спутник“.

Според неговите зборови, фактот дека веќе се разговара за тоа ја покажува заинтересираноста на руската страна да му продаде воена техника на Пакистан „без оглед на притисокот од Индија“, пишува порталот.

Пакистански официјални лица потврдија дека разговарале со руската страна за купување напредни авиони, со оглед дека на пакистанското воздухопловство му е потребен двомоторен ловец што ќе лета подолго и ќе може да навлезе подлабоко на непријателска територија во споредба со кинеско-пакистанскиот авион ЈФ-17.

Москва и Исламабад претходно се договорија за испорака на транспортни и борбени хеликоптери, со можност за проширување на договорот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња