Кери: Русија би можела да помогне Асад да седне на преговарачка маса

Државниот секретар на САД Џон Кери смета дека Русија и Иран би можеле да помогнат на претседателот на Сирија Башар Асад да влезе во преговори.

Државниот секретар на САД Џон Кери изјави дека Русија и Иран би можеле да помогнат претседателот на Сирија Башар Асад да се вклучи во преговори, пренесува агенцијата „Ројтер“.

Кери во саботата во Лондон има разговори со министерот за надворешни работи на Велика Британија.

„Потребни се преговори. Тоа е она што ние го бараме и се надеваме дека Русија и Иран и другите земји кои имаат влијание ќе помогнат затоа, затоа што тоа е она што пречи за прекин на кризата“, рече Кери.

„Ние сме подготвени за преговори. Дали е подготвен Асад за преговори? Дали е подготвена Русија да го седне на преговарачката маса?“, праша Кери. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња