Саркози: Ситуацијата во Сирија може да се реши за неколку месеци со помош на Русија

За да се ослободи Сирија за неколку месеци, потребен е дијалог со Русија и Путин изјави поранешниот француски претседател Никола Саркози.

Ситуацијата во Сирија може да се реши за неколку месеци. Потребна е потпора од соседните сириски држави и воспоставување дијалог со Русија и Путин, смета поранешниот француски претседател Никола Саркози, пренесува„Взгљад”. 

„Сирија може да се ослободи (од „Исламската држава“) за неколку месеци. Тоа е само прашање на лидерство. Потребна е потпора од соседните држави на Сирија и да се воспостави дијалог со Русија и Путин”, рече Саркози.

Како што наведува изданието, претходно министерот за одбрана на Франција Жан-Ив ле Дријан изјави дека ударите врз терористите можат да бидат реализирани „во наредите недели, штом ќе бидат дефинирани целите“.

За разлика од САД, официјален Париз досега беше воздржан од акции на територијата на Сирија, а Елисејската палата во целост ја исклучи можноста за копнена операција. Претседателот на Франција Франсоа Оланд изјави дека таквиот чекор би биле „недоследен и нереален“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња