МНР Сирија: Дамаск ќе се обрати за воена поддршка до Москва доколку е неопходно

Министерот за надворешни работи на Сирија Валид Муалем призна дека цврстата позиција на Русија сѐ повеќе влијае на промената на пристапите кон сириската криза на Запад.

Сирија „ќе ја замоли Русија да ја упати својата војска да се бори на страната на сириската армија во случај да дојде до таква потреба“. Ова го изјави во четвртокот во интервју за државната телевизија министерот за надворешни работи на Сирија Валид Муалем, пренесува ТАСС.

„Сирија, доколку стане потребно, без колебање ќе се обрати со такво барање до Русија“, истакна шефот на сириската дипломатија, притоа потенцирајќи дека „во овој момент во Сирија нема руска војска“.

„Од самиот почеток на конфликтот Русија ни даваше помош и не задоцни со неа“, рече сирискиот министер. Тој призна дека цврстата позиција на Русија сѐ повеќе влијае на промената на пристапите кон сириската криза на Запад.

„Ќе го поздравиме секое политичко решение кое ќе помине низ руска или иранска врата“, изјави Муалем. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња