Сириската војска го оцени новото руско оружје

Сириската војска неодамна почнала да го користи новото оружје од Русија, соопштуваат американски медиуми повикувајќи се на сириски воени извори.

„Се доставуваат нови видови оружје. Сириската армија учи како да го употребува. Всушност таа почна да употребува некои од новите видови (оружје)“, ги цитира зборовите на изворот „Ројтерс“.

„Оружјето е потполно ефикасно и многу прецизно“, рекол изворот, истакнувајќи дека станува збор за сите видови оружје – и за копнена, и за воздушна борба.

Други детали изворот не навел.

Претходно во четвртокот американски официјални лица изјавија дека на аеродром во Сирија биле забележани четири руски воени хеликоптери.

Според информациите на медиумите, Русија ѝ доставила на Сирија неколку пратки огнено оружје, минофрлачи, оклопни транспортери БТР-82А, воени камиони „Урал“ и друго вооружување.

Според податоците објавени во понеделникот, можно е Русија да ѝ дала на Сирија и нови тенкови Т-90.

Новинарите пресметаа дека од почетокот на годината во Сирија биле испратени до 2 илјади единици руска воена техника. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња