МНР РФ: Резултатите на американската коалиција во борбата против ИДИЛ се многу скромни

Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека резултатите на меѓународната коалиција за борба против терористичката организација ИДИЛ, на чие чело се САД, се „многу скромни“.

Министерството за надворешни работи на Русија апелира да се консолидираат силите во борбата против „Исламската држава“.

„Резултатите на коалицијата во борбата проти ИДИЛ се многу скромни. Летовите на авијацијата (преку 5 илјади воздушни напади, кои уништиле, според официјалните податоци, 7 655 цели) во комбинација со операциите на специјалните единици (на пример, ликвидација на лицето Абу Сајаф задолжено за распределба на финансиските средства на ИДИЛ во мај оваа година“, се наведува во соопштението на сајтот на МНР РФ што го пренесува „Взгљад”.

„Терористите продолжуваат да го шират „калифатот“ како во Сирија, така и во Ирак. Освен тоа, сѐ поголемо незадоволство поради нападите на воздушната коалицијата, кои предизвикуваат жртви и меѓу цивилното население, го зголемува бројот на локалните жители кои ги поддржуваат екстремистите и сакаат да им се придружат“, се наведува во соопштението.   

„Затоа повторно се обраќаме до регионалните и меѓународните партнери, повикувајќи ги навистина да се консолидираат напорите во борбата против глобалната терористичка закана врз основа на соодветните меѓународно-правни одредби со клучна улога на Советот за безбедност на Обединетите нации“, истакнува руското министерство за надворешни работи.

„На територијата на Ирак членките на оваа коалиција делуваат врз основа на повикот од ирачката влада, а во Сирија без каква било координација со легалната власт на таа земја. Притоа американските претставници непрестајно изјавуваат дека одбиваат да соработуваат со Дамаск на полето на антитероризмот“, се наведува во соопштението.

„Освен тоа, низа земји кои влегуваат во коалицијата против ИДИЛ, предводена од Вашингтон, продолжува активно да ги поддржува со финансии и оружје антивладините единици кои се брат против сириската војска – главната сила која ѝ се спротивставува на ИДИЛ на територијата на Сирија“, додава министерството.  

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња