„Ситуацијата во Сирија е многу сериозна. Таканаречената „Исламска Држава“ контролира значителен дел од териториите на Ирак и Сирија. Терористите јавно се закануваат на Мека, Медина, Ерусалим и зборуваат за плановите за ширење на своите активности во Европа, Русија, централна и југоисточна Азија. Ние сме загрижени поради тоа“, рече Путин, пренесува „Взгљад”.
Рускиот претседател додаде дека „во редовите на ИД се врши индоктринација и воена подготовка на терористи од многу земји, вклучувајќи ги, за жал, и европските држави, и Русија“, како многу земји од Советскиот Сојуз. Според зборовите на Путин, активностите на „Исламската држава“ веќе излегле многу подалеку од териториите на Ирак и Сирија.
„Терористите вршат масовни погубувања, водат во хаос и сиромаштија цели народи, уништуваат споменици на културата и верски светилишта“, истакна Путин.
Рускиот лидер, исто така, рече дека Москва ја загрижува влошувањето на ситуацијата во Авганистан. „Меѓународните сили за помош безбедносна помош доволно долго беа во оваа земја, исполнија одредена и, меѓу другото, позитивна задача, меѓутоа, сето тоа на крајот не влијаеше за радикално подобрување на ситуацијата“, истакна рускиот претседател.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче