Говорејќи на самитот на Организацијата за колективна безбедност во Душанбе, претседателот на РФ Владимир Путин ја коментираше сегашната ситуација во Сирија, како и обидите да се поврзе реката бегалци од Блискиот Исток и од Северна Африка со поддршката што Русија им ја дава на легалните власти на Сирија, пренесува „RT“.
„Ги гледаме обидите што се прават денеска да се префрли вината врз Русија за овој проблем. Наводно проблемот со бегалците настанал поради тоа што Русија ги поддржува легалните власти во Сирија. Како прво, би сакал да го истакнам тоа, луѓето бегаат од Сирија пред сѐ поради борбените дејствија кои на таа земја ѝ се наметнати во значителна мера однадвор – по пат на испорака на вооружување и друга воена техника. Луѓето бегаат од ѕверствата на терористите“, изјави Путин. „Доколку Русија не ја поддржуваше Сирија, ситуацијата во таа земја ќе беше уште полоша отколку во Либија. И реката бегалци ќе беше уште поголема“.
„Како второ, поддршката за легалната влада на Сирија воопшто никако не е поврзана со реката бегалци од земјите како што се Либија, Ирак, Јемен, Авганистан. Ние не ја дестабилизиравме ситуацијата во тие земји, во цели региони во светот“, потенцираше рускиот лидер.
„Затоа никому нема да му успее, како што велат кај нас, да го префрли овој проблем од болна глава во здрава“, заклучи Владимир Путин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче