Медиуми: Русија од јуни преговара за отстранување на Асад

Русија испраќа сигнали до САД и Саудиска Арабија за отстранување на сирискиот лидер Башар Асад, пишува агенцијата „Блумберг“ повикувајќи се на извори од трите земји, како и на претставници на опозицијата во Сирија.

Русија испраќа сигнали до САД и Саудиска Арабија за отстранување на сирискиот лидер Башар Асад, пишува агенцијата „Блумберг“ повикувајќи се на извори од трите земји, како и на претставници на опозицијата во Сирија. 

Според информациите на „Блумберг“, Русија започнала преговори за отстранување на Асад во јуни, кога престолонаследникот на Саудиска Арабија Мухамед бен Салман пристигна во посета на Москва.

Меѓутоа, портпаролот на МНР Русија Марија Захарова, коментирајќи ја тезата на медиумите за отстранување од власт на сирискиот претседател Башар Асад наводно со учество на Москва, изјави дека Русија ниту самата, ниту во договор не назначува и не отстранува странски претседатели.

На почетокот на август турските медиуми, повикувајќи се на претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, пишуваа дека претседателот на Русија Владимир Путин го сменил својот однос спрема кризата во Сирија и гледа „многу попозитивно“ на иднината на таа земја без Башар Асад.

На крајот на јуни претседателот Путин, одговарајќи на прашањето дали е подготвен да го повика Асад да даде оставка, изјави дека тоа може да го направи само сирискиот народ.

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња