Лавров најави за што ќе зборува Путин во Њујорк

Претседателот на Русија Владимир Путин во своето обраќање на јубилејното заседание на Генералното собрание на ООН ќе зборува за Сирија, украинската криза и за проблемот со санкциите, а исто така ќе апелира да се напуштат двојните стандарди во борбата против тероризмот, изјави министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров.

Претседателот на Русија Владимир Путин во своето обраќање на јубилејното заседание на Генералното собрание на ООН ќе зборува за Сирија, украинската криза и за проблемот со санкциите, а исто така ќе апелира да се напуштат двојните стандарди во борбата против тероризмот, изјави министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров.

„(Претседателот) ќе ги изнесе нашите принципиелни процени за најактуелните проблеми на современиот свет. Се работи, пред сѐ, за системски прашања кои се појавуваат во врска со обидите за блокирање на објективниот процес на создавање на нов мултиполарен светски поредок“, изјави Лавров во интервјуто за емисијата „Неделно време“ на Првиот канал на руската телевизија.

Според неговите зборови, „оттаму се покренуваат прашањата за кои се зборува многу“, пред сѐ „борбата против тероризмот, која мора да се води без двојни стандарди“, изјави Лавров, а пренесува „Взгљад”.

Шефот на руската дипломатија истакна дека е важно „терористите да не се делат на добри и лоши и да не се смета дека со некои од тие „лоши“ екстремистички настроени луѓе би можело да се соработува заради постигнување на некои конкретни актуелни геополитички цели“.

Меѓу темите за кои ќе зборува претседателот на Русија се наоѓа „ се разбира, и проблемот на едностраните принудни мерки, кои не се применуваат само спрема Русија“, додаде министерот.

„Претседателот ќе зборува и за проблемот на ситнење на светскиот економски простор, затоа што денес во рамките на Светската трговска организација се блокираат преговорите за обезбедување универзален пристап до новите сфери на економските и технолошките врски меѓу државите. Тој ќе допре и конкретни аспекти, како што се Сирија и украинската криза. Сите овие кризи и многу други произлегуваат од системските проблеми кои се рефлектираат во обидот да се блокира процесот на формирање на мултиполарен свет“, изјави Лавров.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња