Грузиски министер: Русија мора да плати за своите постапки во Украина

Министерката за одбрана на Грузија Тинатин Хидашели ги обвини Европејците за „слабата реакција на воената агресија на Русија против Грузија во 2008 година”.

Министерката за одбрана на Грузија Тинатин Хидашели ги обвини Европејците за „слабата реакција на воената агресија на Русија против Грузија во 2008 година”, што, според неа, доведе до сегашните проблеми во Украина, пренесува „Взгљад”. 

Зборувајќи на конференција за безбедност во Естонија, таа изјави дека „Русија сега продолжува со бавната агресија“ против Грузија. „Она што се случува во Украина не е судир. Да ги кажеме работите со вистинското име. Тоа е војна против Украина“, истакна  Хидашели.

Грузиската министерка додаде дека нејзините предупредувања „ефективно и конкретно” мора да ги слушне целата меѓународна заедница со цел руската пропагандна машинерија да ѝ го оттргне вниманието од Грузија и Украина”.

„Важно е Москва да плати политичка и економска цена за Грузија, Украина и за сѐ каде таа беше причина за несреќи и трагедии.... Наша задача е да се интегрираме во европската безбедност”, заклучи Хидашели.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња