Германија ја предупредува Русија „да не се меша“ во Сирија

Не смее да се дозволи секој „самоволно да се меша во работите на Сирија“, изјави министерот за надворешни работи на Германија Франк-Валтер Штајнмаер.

Министерот за надворешни работи на Германија Франк-Валтер Штајнмаер ја предупреди Русија „еднострано да не се меша“ во работите на Сирија. Ова тој го соопшти интервјуто за изданијата  на медиумската група „Функе“.

„Не смее да се дозволи секој „самоволно да се меша во работите на Сирија“, изјави министерот.

Според него, промени во земјата можат да донесат само „колективни дејствија“.

Претходно со идентична критика на адреса на Москва се огласи и претседателот на САД Барак Обама.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња