Руските бродови ги набљудуваа Американците и Украинците во текот на воените вежби „Морско ветре“

Во текот на заедничките воени вежби Украина и САД ги открија бродовите на Црноморската флота на Руската Федерација во близина на територијалните води на Украина, соопштува УНН, а пренесува „Газета.ру“.

Во текот на заедничките воени вежби „Морско ветре“ (Sea Breeze) Украина и САД открија бродови на Црноморската флота на Руската Федерација во близина на територијалните води на Украина, соопштува УНН, а пренесува „Газета.ру“.

„Во текот на украинско-американските маневри на морнариците, вооружените сили на Украина ги открија во непосредна близина на територијалните води и во морската (ексклузивна) економска зона на Украина бродовите на Црноморската флота на Русија: фрегатата „Ладниј“ (Ладный) и малиот противподморнички брод „Суздалец“, соопшти прес-службата на Министерството за одбрана на Украина.  

Се истакнува дека на море испловиле дежурните сили на на ВМС ВС Украина откако целите ги идентификувала морнаричката авијација. Освен тоа, единиците на силите на крајбрежната одбрана ги набљудувале бродовите со средства за разузнавање и за поддршка на артилериските системи.

Од командата на украинската морнарица соопштуваат дека во последните три месеци фрегатата на руската Црноморска флота „Ладниј“ веќе вторпат доаѓа во близина на територијалните води на Украина.  

Претходно премиерот на Украина Арсениј Јацењук изјави дека воено-поморските сили на Украина ќе се вратат на Крим.

 

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња