„Фокс Њуз” ја обвини Русија за инвазијата од бегалци врз Европа

Упорната воена поддршка од Русија за претседателот на Русија Башар Асад е причина за приливот од бегалци од Блискиот Исток, пренесува „Фокс Њуз“.

Упорната воена поддршка од Русија за претседателот на Русија Башар Асад е причина за приливот од бегалци од Блискиот Исток, пренесува „Фокс Њуз“. Згора на тоа, во желбата да го вознемири Западот, Москва делува во соработка со Пекинг и не е  случајно тоа што неговите бродови се појавија во близина на Алјаска во моментот кога таму се наоѓаше Барак Обама, истакнува аналитичарот на американската телевизија, а пренесува „RT”.

Медиумот наведува дека „доколку ја погледнеме картата, сите бегалци се движат кон Запад. Тие сигурно не одат на исток, во другите земји во Персискиот залив, и никој не сака да оди во Русија и Кина, затоа што двете земји се на страната на Асад“.  

На прашањето на новинарот дали може според фотографиите од воената парада во Кина да се заклучи дека Русија заедно со Кина се обидува да ги турне бегалците во Европа, играјќи си со човечки животи, за да добие политички капитал во светот, аналитичарката на „Фокс Њуз“ Кетлин Мекфарланд истакнува дека тоа повеќе се однесува на Русија отколку на Кина.

Последниве недела дена дознавме дека Русија го зголемила своето воено присуство во Сирија. РФ како и Иран се обидува да ја зацврсти позицијата на Асад, заради што праќа воена техника преку море, копно и воздух, а сето тоа за да може владата на Асад да ја продолжи воената операција“, изјави аналитичарката.

Таа додаде дека проблемот со бегалците се влошува, додавајќи дека „ние знаеме колку Путин ја сака Европа, односно, да ја преокупира Европа со некаков проблем, како сега со бегалците“.  

Коментирајќи ги односите меѓу Русија и Кина, Мекфарланд рече дека тие претставуваат „брак од корист“. „Кина има пари и неопходни ѝ се ресурси, а Русија има ресурси и сака да ги продаде... Меѓутоа, постои страв дека Кина и Русија можат да почнат здружено да делуваат против САД и нашите интереси во светот“.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња