Руската армија на Крим се засили со Су-30СМ

Црноморската флота доби повеќенаменски ловци Су-30СМ.

Поморскиот борбен авијациски полк на Црноморската флота доби повеќенаменски ловци  Су-30СМ, соопшти претставникот на флотата Вјачеслав Трухачев, а пренесува „Взгљад”.

„Авионите стигнаа на Крим, на местото каде ќе бидат постојано распоредени. Во моментов се подготвуваат за летови во рамките на програма за совладување нови технологии“, рече Трухачев.

Овие ловци постепено ќе ги заменат бомбардерите Су-24 кои сега ја сочинуваат основата на авионскиот парк на Поморската авијација на Црноморската флота. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња