Франција ја објави точната сума за компензација за „Мистралите“

Компензацијата за двата неиспорачани носачи на хеликоптери од класата „Мистрал“ од страна на Франција изнесува 949 милиони и 755 илјади евра, се вели во спогодбата за раскинување на договорот, соопшти во вторникот ТАСС.

Спогодбата за раскин на договорот, потпишана од вицепремиерот на Русија  Дмитриј Рогозин и генералниот секретар на францускиот Совет за одбрана и национална безбедност  Луј Готје, беше доставена во Националното собрание на Франција. Се претпоставува дека комитетот за меѓународни работи на Националното собрание ќе ја разгледа на 15 септември, еден ден по почетокот на вонредната парламентарна сесија.

Во документот особено се потенцира дека Франција нема да ги продаде „Мистралите“ на трета страна сѐ додека Русија не ја добие „полната сума на компензацијата“. Освен тоа, француската страна  треба да ја демонтира и врати претходно монтираната руска опрема.  

Меѓу потенцијалните купувачи на „Мистралите“ се Египет, Индија, Бразил, ОАЕ, Саудиска Арабија, Виетнам, Малезија и други земји.

Претходно беше соопштено дека Москва ќе дозволи продажба на „Мистралите“ само во комплет со произведените за таа потреба руски хеликоптери Ка-52К. Во спротивен случај Русија ќе го искористи правото на вето за да ја блокира евентуалната зделка.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња