Во Москва ќе се одржи меѓународен фестивал на тетоважи

Од 4 до 6 септември во Москва ќе се одржи Меѓународниот фестивал на тетоважа „Moscow Tattoo Show”.

Од 4 до 6 септември во Москва ќе се одржи Меѓународниот фестивал на тетоважа „Moscow Tattoo Show”. Организаторите ветуваат дека оваа конвенција ќе биде главната атракција на есента, истакнувајќи дека руската тату-индустрија зема залет, пренесува „КудаГо”.

„Овој единствен фестивал ќе ја качи температурата на сите противници на „воените бои“, истакнува изданието. Како што пишува, во концертната сала „Stadium Live” припадниците на оваа прогресивна уметност ќе го споделат со светот „своето поимање на убавината“.  

Како што се наведува, тука нема никаква провокација, затоа што целта на настанот е безопасна и лековита: популаризација на тетовирањето во Русија, како и формирање на нов изглед заради искажување на индивидуалноста.

За оние кои сериозно ја изучуваат оваа уметност, „Moscow Tattoo Show” ќе биде спектакуларна работилница.  

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња