„МиГ“: Санкциите на САД нема да влијаат на производството на авиони

Компанијата ги смета новите рестриктивни мерки повеќе за политичка приказна отколку за производствена.

Американските санкции против руските претпријатија од сферата на одбраната никако нема да се одразат врз работата на корпорацијата „МиГ“, изјавија од прес-службата на компанијата за „Рускаја служба новостеј“.

„Тие (санкциите) нема да им наштетат ниту на склучените договори, ниту на производството на авиони. Сѐ се одвива во нормален рeжим“, објасни портпаролот на компанијата Анастасија Кравченко.

Од прес-службата изјавија дека ги сметаат новите санкции повеќе за политичка приказна отколку за производствена.

На 2 септември 2015 година Вашингтон објави нов список со санкции против пет руски компании од сферата на одбраната. САД ги обвинуваат фирмите за прекршување на американските закон за неширење на оружје кој забранува испорака на вооружување во Иран, Сирија и Северна Кореја. На списокот се најдоа Конструкторското биро за производство на алати од Тула, новосибирскиот производител на опрема за ноќно гледање „Катод“, НПО за производство на машини од Реутов, „Рособоронекспорт“ и „МиГ“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња