Клинцевич: Путин во Њујорк ќе му каже на светот сѐ што сака

САД го темпираа воведувањето нови санкции против Русија пред јубилејното 70 заседание на Генералното собрание на ОН, изјави првиот заменик на шефот на пратеничката група „Единствена Русија” Франц Клинцевич.

САД го темпираа воведувањето нови санкции против Русија пред јубилејното 70 заседание на Генералното собрание на ОН. Како што пренесува „ИА REGNUM”, тоа го изјавил првиот заменик на шефот на пратеничката група „Единствена Русија” Франц Клинцевич, коментирајќи го фактот дека на „црната листа“ се нашле Проектантското биро за производство на инструменти од Тула, корпорацијата „МиГ” и „Рособороноекспорт”.

„Изгледа дека САД би дале сѐ овој говор да не се одржи. Меѓутоа, никаков „пресврт над Атлантикот“ нема да има. Владимир Путин во Њујорк ќе му каже на светот сѐ што сака да каже“, истакна Клинцевич.

Воведувањето нови санкции против руските компании е продолжение на стратешкиот курс на САД кон влошување на односите со нашата земја“, рече рускиот пратеник. Тој додаде дека „Американците повеќе не се ни трудат да пронајдат релативно пристојна причина: поврзувањето на овие компании со Ирак, Северна Кореја и Сирија е далеку од вистината. Меѓутоа, сегашните санкции имаат уште едно значење. Очигледно е дека тие, како и неодамнешниот грд потег на американскиот Стејт департмент против претседателот на Советот на Федерацијата Валентина Матвиенко, се специјално темпирани пред претстојниот говор на претседателот на Русија Владимир Путин на јубилејното 70 заседание на Генералното собрание на ОН“, смета Клинцевич.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња