ЕУ ги продолжува санкциите против Русија

Рестриктивните мерки против лицата за кои ЕУ се сомнева дека го рушат суверенитетот на Украина ќе важат до март 2016 година.

Комитетот на постојаните претставници на земјите-членки на ЕУ  (Coreper) донесе одлука за продолжување на важноста на индивидуалните санкции до март 2016 година против државјани на Русија и Украина одговорни, според мислењето на ЕУ, за поткопување на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина. Конечната одлука ќе биде потврдена од Советот на ЕУ на 14 септември, но, според информациите на извор во ЕУ, „политичката одлука е донесена“.

Амбасадорите на земјите-членки на Европската унија на состанокот во Брисел постигнаа согласност по повод продолжувањето на санкциите, изјавија дипломатски извори во ЕУ. Била донесена препорака за продолжување на индивидуалните санкции за шест месеци. Имајќи предвид дека рокот за санкциите истекува на 15 септември, излегува дека нивната важност ќе трае до 15 март 216 година.  

„Сега техничката група ќе ја изврши техничката и законодавната работа за да може Советот на ЕУ до 15 септември да донесе конечна одлука“, изјави за „РИА Новости извор во ЕУ, додавајќи дека „политичката одлука е донесена“, а составот на листата практично нема да се промени – од него ќе биде исклучен само едно лице кое повеќе не е меѓу живите.  

Во моментов на списокот со санкции на ЕУ се наоѓаат 150 лица и 37 правни лица.

 

 

 

 

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња