Медиум: На Балканот расте опасно за ЕУ проруско расположение

Според зборовите на министерот за евроинтеграции на Косово Беким Колаку, доколку ЕУ не побрза со проширувањето, цената може да биде висока – Балканот почнува да гледа кон Исток.

Од стратешка гледна точка ЕУ е принудена да го забрза процесот на прием на земјите-кандидати, пишува „Економист“ (The Economist).

Како што изјави за весникот министерот за евроинтеграции на Косово Беким Колаку, една од причините зошто ЕУ треба да побрза околу ова прашање е фактот што на Балканот расте степенот на симпатии спрема Русија. И макар што проширувањето на ЕУ ќе предизвика незадоволство кај земјите-членки, одолговлекувањето „скапо ќе чини“.

По завршувањето на Балканската војна во 1999 година најактуелно прашање останува како и кога земјите од регионот ќе влезат во ЕУ. Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија „заглавија“ на патот кон европското семејство на разни етапи.

Весникот исто така пишува дека во последно време балканските земји добиваат инструкции не од Брисел, туку од Берлин. Неименуван дипломат раскажа за весникот дека „Европската комисија не прави ништо на Балканот додека не добие сигнал од Берлин“. Според неговите зборови, таквата промена станала особено забележлива откако Ангела Меркел ги посети во јули Албанија, Босна и Србија, и веќе по месец беа усвоени низа спогодби кои се однесуваат на проблемите на регионот. На пример, Косово и Србија потпишаа низа договори со помош на ЕУ, а за кои со години водеа спорови. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња