Путин разговараше телефонски со Меркел и Оланд за Донбас

Во разговорот со канцеларката на Германија Ангела Меркел и претседателот на Франција Франсоа Оланд рускиот лидер Владимир Путин истакна дека е неопходно да се воспостави директен дијалог меѓу Донбас и Киев.

Претседателот на РФ Владимир Путин во телефонскиот разговор со канцеларката на Германија Ангела Меркел и претседателот на Франција Франсоа Оланд искажа загриженост поради континуираното гранатирање на населените места во Донбас од страна на украинските сили, соопшти прес-службата на Кремљ, а пренесува РИА „Новости“.  

„В. Путин искажа загриженост поради континуираното гранатирање од страна на украинските сили на населените места во Донбас, зголемувањето на бројот на вооружените сили на Украина по должината на линијата на разграничување“, се вели во соопштението.  

Во телефонскиот разговор беше особено потенцирана неопходноста од воспоставување директен дијалог меѓу Киев и претставниците на Донецк и Луганск, како и укинување на финансиско-економската блокада врз Донбас, информира Кремљ.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња