Шефот на Пентагон изјави дека го разбира Путин

Министерот за одбрана на САД Ештон Картер изјави дека разбира кои правци ги смета за приоритет претседателот на Русија Владимир Путин.

Министерот за одбрана на САД Ештон Картер изјави дека разбира кои правци ги смета за приоритет претседателот на Русија Владимир Путин.

„Тој жали за распадот на Советскиот Сојуз. Тој сака почит за големината на Русија. Тој сака да има право на глас за светските проблеми. И сака да има соседи од кои нема да доаѓа закана“, ги цитира ТАСС зборовите на Картер повикувајќи се на „Надворешни работи“ (Foreign Affairs).

„Некои моменти кои се однесуваат на тоа, или истиот приод што тој го избрал можат да се совпаѓаат со интересите на Западот. Меѓутоа во другите односи ние треба да бидеме посилни“, истакна Картер.

Според него, „ние му помагаме на НАТО да обрати внимание на задржувањето на Русија откако деценија и пол Алијансата беше зафатена со Авганистан. И ние им помагаме на државите кои не влегуваат во НАТО, таквите како Украина, да се спротивставуваат на руското влијание“, додаде шефот н Пентагон.

„Истовремено ние се трудиме да работиме со Русија на Путин по прашања каде неговите геостратешки интереси, како што тој ги разбира, се совпаѓаат со нашите“, изјави Картер.

Според него, постапките на Русија „станаа несакан развој од стратешка гледна точка“.

„Затоа ние го создаваме она што јас го нареков нови правила на игра за НАТО, за повторно да ја земеме на себе улогата за воздржување со посредство на засилување на сојузниците“, изјави министерот за одбрана на САД. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња