6 региони добија над 650 милиони рубли за подготовка на СП 2018

Субвениции од 664,7 милиони рубли владата на Русија им додели на Мордовија, Татарстан, Волгоградската, Нижегородската, Ростовската и Самарската област.

За подготовка на светското првенство во фудбал 2018 година доделени се околу 700 милиони рубли субвенции, се вели во документот објавен на сајтот на владата на РФ.

„Со потпишаната одлука се утврдува доделување на субвенции во износ од 664,7 милиони рубли“, се вели во диспозицијата. Документот го потпиша премиерот Дмитриј Медведев.

Субвенции им се доделуваат на Мордовија, Татарстан, Волгоградската, Нижегородската, Ростовската и Самарската област.

Натпреварите на Светското првенство 2018 година во Русија ќе се одржуваат во Москва, Калининград, Санкт Петербург, Волгоград, Казањ, Нижни Новгород, Самара, Саранск, Ростов на Дон, Сочи и Екатеринбург.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња