Во Новосибирск откриена револуционерна метода за истражување на нафта

Научници од Новосибирск развија метода за геолошко истражување кое ќе овозможи да се утврди присуството на јаглеводороди во земјата со прецизност од 90%, што за 3,5 пати ќе биде посигурно од традиционалните начини за нивно идентификување, изјави раководителот на компанијата која ја развива оваа метода Аркадиј Злобински, а пренесува „ТАСС”

„20% од современото истражување претставува изучувањето на сеизмичките бранови. Грубо кажано, кога ќе измерите на едно место, сте ја обновиле структурата. За да постои нафтено поле, мора да постои структура., а по правило тоа е височинка, купола која е отпорна на јаглеводороди. Меѓутоа, со помош на сеизмичките податоци не е можно прецизно да се утврди дали во таа сеизмичка височинка има јаглеводороди“, објаснува Злобински.

Тој додаде дека електричното истражување што се применува денес не овозможува работа на длабочина до 300-400 метри, додека новата метода дозволува да се врши истражување на нафтеното поле на длабочина до четири километри.

Методата на новосибирските научници овозможува ефикасно истражување а која било територија. Технологијата веќе е тестирана во Татарстан и Калифорнија. „Сега имаме прототип кој може да обработи мала површина, како и со помош на специјални програми да ги обработи податоците и да ги исфрли резултатите. Се разбира, за сега не можеме да ги совладаме областите каде се во прашање стотици или илјадници квадратни метри. Ова сега е само пилот фаза на тестирањето“, истакна научникот, додавајќи дека со помош на новата технологија работите ќе бидат 5-6 пута поевтини.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња