Израелски весник ја откри „застрашувачката суштина“ на цртаниот филм „Маша и медо”

Рускиот анимиран филм „Маша и медо” кој се емитува во Израел на каналот „Јуниор“ ги соочува младите гледачи со првобитните стравови, смета новинарот Рогел Алпер.

Рускиот анимиран филм „Маша и Медо” кој се емитува во Израел на каналот „Јуниор“ ги соочува младите гледачи со првобитните стравови, смета новинарот Рогел Алпер. Главниот јунак, наводно, има голем страв дека ќе го загуби својот другар Медо, додека тој сака да избега од неа, пишува „Хаарец“ (Haaretz), а пренесува „inoСМИ.Ru”.

„Наметлив и мрачен талог, скриен во дупло дно“, виде новинарот во популарниот руски цртан филм. Тој во својата статија објавена на 25 август детално ги анализираше односите на главните јунаци кои, според неговото мислење, воопшто не се пријателски.  

„Маша сака да си игра со Медо, а тој сака да избега од неа. Меѓутоа, тоа предизвикува  кај него чувство на вина и обврска, поради што тој останува. Тоа е непријатна ситуација помеѓу детето и возрасната личност, која сноси за него одговорност“, смета Алпер.

Според неговото мислење, хиперактивното девојче му пречи не само на Медо, туку и на другите жители на шумата во која тоа живее. „Маша е туѓо тело во средина која се помирува со нејзиното постоење, затоа што нема избор“, истакнува авторот на статијата.  

Како што тврди тој, зад хиперактивноста на Маша и постојаната желба да си игра со Медо се крие страв од самотија. Новинарот претпоставува дека главната хероина веќе ја оставале. „Девојче, каде се твоите мама и тато?“, прашува авторот. Новинарот ги повикува родителите да обрнат внимание на застрашувачката суштина на рускиот цртан филм, затоа што нивните деца можат не сакајќи да ја усвојат. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња