„Хафингтон Пост“: Путин преминува во офанзива во Сирија

Владимир Путин повторно се обидува да му помогне на Башар Асад да се врати на меѓународната, сесрдно обидувајќи се да го вклучи во борбата против „Исламската Држава” (ИД).

Владимир Путин повторно се обидува да му помогне на Башар Асад да се врати на меѓународната, сесрдно обидувајќи се да го вклучи во борбата против „Исламската Држава” (ИД). Москва фактички му предложи на Вашингтон и неговите партнери двоен пристап против ИД во Сирија, кој подразбира формирање на коалиција и поддршка на политичкиот процес,  пишува „Хафингтон Пост“ (Le Huffington Post), а пренесува  „inoСМИ.Ru”.

Како што пишува изданието, очигледно е дека борбата против „Исламската Држава” денес претставува приоритет за ОН, а Башар Асад е дел од тој процес. Оваа одлука е усогласена од страна на Советот за безбедност на 17 август безусловно претставува чекор напред. Како што е познато, Владимир Путин ја промени иницијативата за создавање коалиција против ИД која би го вклучила Асад, затоа што, како што тврди изданието, рускиот претседател силно стравува од продирањето на терористите во Централна Азија и Кавказ.

„Хафингтон Пост“ наведува дека 2 до 5 илјади припадници на „Исламската Држава” се граѓани на поранешниот Советски Сојуз. По првата чеченска војна меѓу руските и сепаратистичките сили, бунтовниците постепено беа исламизирани, а кон средината на 2000-те се претворија во активно исламско движење на Северен Кавказ.  Во тој контекст, Кавкасците играат одлучувачка улога. Тие ги заземаат највисоките позиции меѓу раководителите на ИД. Главната цел на борбата против оваа терористичка организација е спречување на формирање територии на џихадистите кои би преставувале засолниште за сите идни терористи.

Како што пишува изданието, распарчувањето на Блискиот Исток е во полн ек и САД не се во состојба да ги контролираат клучните играчи, како што е тоа случај во Турција, САудиска Арабија, Иран и во помала мера, во Катар и Израел.  

„Нуклеарниот договор само ќе ја влоши ситуацијата, затоа што укинувањето на санкциите во перспектива им дава повеќе слобода на Иранците, кои ќе се потрудат да го прошират своето регионално влијание преку Хезболах, Хамас, Алавитите во Сирија и Хуситите во Јемен, вели географот Фабрис Баланш, директор на Истражувачката група за Средоземно море и Блискиот Исток.

Во оваа ситуација, шефот на Кремљ, потпирајќи се на добрите односи со шиитските сили, има потенцијал да формира нов сојуз против ИД. Меѓутоа, сигурно ќе мора да се соочи со потешкотии во обидот да ги убеди сунитските држави во регионот, со исклучок на Турција и Реџеп Таип Ердоган. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња