Турција испрати до Русија нацрт-договор за „Турски тек“

Министерот за енергетика и природни ресурси на Турција Танер Јилдиз соопшти дека на руската страна ѝ испратил нацрт-договор во врска со „Турски тек“ и дека очекува одговор од неа, пренесува „Взгљад“.

Министерот за енергетика и природни ресурси на Турција Танер Јилдиз соопшти дека на руската страна ѝ испратил  нацрт-договор во врска со „Турски тек“ и дека очекува одговор од неа, пренесува „Взгљад“.  

Заменикот на началникот на одделението за управување со преокти на „Гаспром“  Алексеј Серебрјаков изјави дека проектната документација за гасоводот „Турски тек” предвидува изградба на четири делници по етапи со вкупна вредност од 11,4 милијарди долари.

Претходно беше соопштено дека концептот за „Турски тек“ може да биде суштински изменет и дека би можел да биде два пати, дури и четири пати помал од претходно најавениот формат од четири краци на гасоводот со капацитет од 63 милијарди метри кубни. Како што пишува изданието, ова го става во сомнеж фактот дека Русија навистина ќе се откаже од украинскиот транзит и дека ќе испорачува гас до Европа само преку Балтичкото и Црното море.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња