Руски бојни бродови по многу години ќе впловат во поларните пристаништа

Одред бродови на Северната флота е подготвен за поход по морињата на Северниот леден океан.

Одред бродови на Северната флота е подготвен за поход по морињата на Северниот леден океан. Во состав на флотилата влегуваат големиот противподморнички брод „Североморск“, големите десантни бродови „Георгиј Победоносец“ и „Кондопога“, морскиот танкер „Сергеј Осипов“ и други помошни бродови. Сите се подготвени и чекаат поволни временски услови, пренесува „Вести.Ru

Планирано е флотилата да помине по Северниот морски пат и првпат по многу години да вплови во низа поларни пристаништа. Меѓу задачите на експедицијата е зачувување на безбедноста на поморскиот сообраќај и другите видови поморска економска дејност на Русија и во зоната на Арктикот.  

Ова ќе биде четврто вакво излегување на руска флотила во Северниот леден океан. Првпат во историјата на руската воена морнарица морнаричката пешадија во 2012  година изврши десант на брег на островот Котелни. Во 2013 година одред бродови на чело со мразокршачот „Петар Велики“ испорача техника на Новосибирските острови. Во 2014 године беа одржани вежби на морнарицата за заштита на арктичката островска зона на морскиот брег.  

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња