„Стратфор“: Русија и Кина го предизвикуваат западниот концепт на интернетот

Архитектурата на интернетот и начините за негово регулирање се формирани во земјата од каде потекнува, во САД, и затоа Русија и Кина го поставуваат прашањето за мрежната безбедност, истакнува разузнавачко-аналитичката компанија „Стратфор“

Русија и Кина ќе се држат до политиката на обединет фронт, предизвикувајќи го самиот концепт на интернет, смета американската разузнавачко-аналитичка компанија „Стратфор“ (Stratfor).

Единствен орган кој ќе ги диктира насоките за развој на интернетот не постои. Сепак, архитектурата на интернетот и начините за негово регулирање се формирани  во земјата на неговото потекло, во САД. Во денешната конструкција на мрежата доминираат западните технологии и компании, при што американската влада го задржува  влијанието на некои клучни функции, како што е менаџирањето на домените.

Затоа не изненадува што Кина и Русија го поставуваатпрашањето за мрежната безбедност и управувањето со интернетот, затоа што во рамките на ШОС и БРИКС овие држави сакаат да ѝ се спротивстават на економската, политичката и власт на САД, истакнуваат аналитичарите на компанијата. Еден таков пример е Меѓународниот кодекс на однесување на полето на информатичката безбедност, кој земјите од ШОС го презентираа во ООН во јануари годинава.  

Освен тоа, од 1 јануари во Русија ќе стапи на сила законот за легализација на базите на лични податоци на серверите кои се наоѓаат на нејзината територија. Тоа бара од компаниите како Гугл, Фејсбук или Твитер да изградат центри за обработка на податоци во Русија, ако тие сакаат да го продолжат бизнисот во земјата. Политиката на Кина е уште пожестока од Русија кога станува збора за политиката во сферата на контрола над интернет-пространството.

Русија и Кина се залагаат за контрола од страна на владите кои би диктирале свои правила. Тоа го поткрепуваат со примерот на Сноуден. Според мислењето на компанијата, Москва и Пекинг нема да успеат фундаментално да ги сменат принципите на управување со интернетот, но ќе можат да ја зацврстат контролата над мрежата на териториите на своите земји.  

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња