Медиум: Русија побрзо од останатите ја јакне воената моќ на Арктикот

„Додека Арктикот се загрева, Русија се позиционира како доминантен играч во овој стратешки значаен регион богат со ресурси“, пишува американскиот портал „Бизнис Инсајдер“ (Business Insider

„Додека Арктикот се загрева, Русија се позиционира како доминантен играч во овој стратешки значаен регион богат со ресурси“, пишува американскиот портал „Бизнис Инсајдер“ (Business Insider).

За да може да ги користи  овие ресурси, како и новите транспортни маршрути, Москва сериозно ги јакне воените сили на северните брегови и острови. Порталот приложува и карта која го покажува распоредот на руските бази на Арктикот, како и односот на силите со нејзините конкуренти (САД, Данска, Норвешка, Канада). Русија исто така работи на јакнење, обнова и реорганизација на Северната флота, наведува порталот.

Планот на Москва во целина опфаќа отворање на 10 арктички спасувачки и истражувачки станици, 16 пристаништа, 13 авионски писти и 10 радарски станици, пишува порталот. Кога изградбата на оваа инфраструктура ќе биде завршена, тоа ќе овозможи „користење на поголеми и помодерни бомбардери“ во регионот, пишува Марк Галоти за „Москоу Тајмс“ (The Moscow Times): „До 2025 година над арктичките води ќе патролира ескадрила бомбардери од нова генерација ПАК ДА“.

„Арктикот ќе биде геополитичкото бојно поле на иднината. Топењето на ледената покривка веројатно ќе открие нови наоѓалишта на природни ресурси. САД проценуваат дека околу 15% од резервите на нафта, 30% на природен гас и 20% на течниот природен гас се наоѓаат на дното на арктичкото море“, се наведува во статијата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња