Украина инсистира на тристран договор за испорака на гас од Русија

Украина инсистира на трилатерален договор за гас од Русија, изјави министерот за енергетика и индустрија за јаглен на земјата Владимир Демчишин.

„Ние настојуваме договорот да остане трилатерален. Тоа предизвика определени сомневања кај „Гаспром“ и Министерството за гориво и енергетика на Руската Федерација“, изјави тој во интервју за „Радио „Свобода“, пренесува ТАСС.

Според неговите зборови, Киев сака „да направи договор за целата грејна сезона, за да не се судрат внатре во земјата со фактот дека едноставно се смениле условите“. Освен тоа, украинската страна инсистира на минатогодишната формула „која беше мошне економски заснована“.

Притоа Демчишин изрази увереност дека ќе се најде излез. „Се разбира, ние ќе излеземе од оваа ситуација. Во дадениов момент многу е важно да го решиме своето прашање – да бараме средства (за купување на гас)“.

Украинското раководство претходно изјави дека е неопходно потпишување трилатерален договор за испорака на гас меѓу Украина, РФ и Европската комисија.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња