Стејт департмент го прекори Лавров за „селективно читање“ на излагањето на Обама за ЕвроПРО

Претставник на Стејт департментот објасни дека договорот со Техеран нема да ја отстрани заканата од иранските балистички ракети

Стејт департментот го прекори министерот за надворешни работи на Русија за селективно читање и игнорирање на фактите од излагањето на претседателот на САД Барак Обама за проблемите на американската противракетна одбрана, пренесува РИА „Новости”.

„Тој (Лавров) рече дека претседателот (Обама), искрено кажано, не ја зборува вистината за противракетната одбрана. Тоа е, во најдобар случај, селективно толкување на изјавата на претседателот, а во најлош свесно игнорирање на фактите“, изјави официјалниот претставник на Стејт департментот на САД Марк Тонер.

Според неговите зборови, од 2009 година САД повеќепати имаат изјавено дека ПРО во Европа е неопходен заради заштита на САД и нејзините сојузници од балистички ракети од Блискиот Исток.    

„Договорот со Иран, доколку биде во целост реализиран, ќе го реши само прашањето на нуклеарното оружје, но нема да ја елиминира заканата која ја претставуваат иранските балистички ракети“, истакна Тонер.

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров претходно кажа дека изјавата на претседателот на САД Барак Обама дека повеќе нема потреба од распоредување на ПРО во Европа по решавањето на проблемот околу иранската нуклеарна програма не е вистинита. 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња