Прашањето за „Мистралите“ е целосно решено во текот на телефонскиот разговор меѓу претседателите на Русија и Франција Владимир Путин и Франсоа Оланд, соопшти прес-службата на Кремљ.
Претседателите на двете земји донесоа заедничка одлука за раскин на договорот за изградба и испорака на два десантни носачи на хеликоптери од класата „Мистрал“.
Како што пренесува „Интерфакс“, страните во текот на преговорите се договориле на Русија да ѝ бидат надоместени средствата што таа ги платила врз основа на договорот, како и да ѝ бидат вратени руската опрема и материјали.
„Франција веќе ги уплати споменатите средства и по враќањето на опремата ќе има право на сопственост и ќе може да располага со двата брода. Москва смета дека прашањето со „Мистралите“ е во целост решено“, се наведува во соопштението на Кремљ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче