Рогозин: Русија секогаш ќе биде со Приднестровје

Потпретседателот на владата на Русија Дмитриј Рогозин изјави дека Русија секогаш ќе биде со Приднестровје за да обезбеди социјално-политичка стабилност и безбедност во регионот.

Потпретседателот на владата на Русија Дмитриј Рогозин изјави дека Русија секогаш ќе биде со Приднестровје за да обезбеди социјално-политичка стабилност и безбедност во регионот. Тој го изјави ова во понеделникот, 1 јуни, во текот телемостот со раководството на Приднестровје, посветен на пуштањето во работа на неколку објекти за социјална инфраструктура кои беа изградени по налог на претседателот на РФ Владимир Путин.

„Сега е важно да му се покаже и на целиот свет и, пред сѐ, на народот на Приднестровје, дека во овие тешки моменти Русија е со нив и во поглед на обезбедување на безбедноста на целиот регион и на републиката и во поглед на давање поддршка на политичката стабилност и дипломатските преговори“, изјави Рогозин.  

Според неговите зборови, Русија „ќе ги интензивира овие напори за да ја надмине ситуацијата во која, за жал, некои соседи на Приднестровје се обидуваат да воведат многу ригорозна социјално-економска блокада“.

Крајно важно е самите жители на Приднестровје и нивните деца да сфатат дека „Русија и понатаму ќе води политика на изградба на нови објекти со социо-економска намена за здравствена заштита, за школување итн.“, заклучи рускиот вицепремиер.  

Претседателот на Приднестровје Евгениј Шевчук се заблагодари од името на приднестровскиот народ за овој значаен проект за републиката. Шевчук исто така истакна дека Русија како гарант дава сериозен придонес за решавање на конфликтот и за формирањето успешна средина за животот на граѓаните.  

Приднестровје, во кое живеат 60% Руси и Украинци, бараше да излезе од составот на Молдавија уште пред распадот на СССР, плашејќи се дека Молдавија може да се обедини со Романија. Во 1992 година, по неуспешниот обид на властите на Молдавија по вооружен пат да го решат овој проблем, Приднестровје фактички не е под контрола на Кишинев. 

Во Приднестровје се наоѓа Оперативна група на руската војска (ОГРВ) која е наследничка на 14 армија која по распадот на СССР беше префрлена под јуриздикција на Русија. Главните задачи на ОГРВ се мировната мисија и заштита на магацините со муниција. ОГРВ брои 1350 војника, од кои 350 вршат задачи за поддршка на мирот во состав на заедничките мировни сили.    

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња