Киев ќе потроши околу 200 милиони долари на опремување на границата со Русија

Владата на Украина го потврди планот на активности во врска со градежно-техничкото опремување на границата со Русија, се наведува во документ објавен на сајтот на украинската влада.

Владата на Украина го потврди планот на активности во врска со градежно-техничкото опремување на границата со Русија, се наведува во документ на украинската влада.

„Треба да се усвои план на активности  во врска со градежно-техничкото опремување на руско-украинската граница, териториите кои се наоѓаат покрај реоните каде што се спроведува антитериристичката операција и Автономната Република Крим“, се наведува во документот објавен на сајтот на владата.

Во планот што е приложен со одлуката на владата се наведува список со сите работи, цени и рокови на чија основа ќе се спроведува опремувањето на границата во периодот од 2015 до 2018 година, пренесува РИА „Новости”.

За изградба на одбранбениот систем на границата Украина ќе потроши околу 200 милиони долари, пренесува „Интерфакс”.

На почетокот на септември премиерот на Украина Арсениј Јацењук соопшти дека почнува проектот „Ѕид“. Подоцна, како што соопштија медиумите, тој предложи називот на проектот да се смени во „Европски ѕид“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња