Заеднички маневри на руската и кинеската морнарица во Средоземното море

Воените вежби не се насочени против трета страна и не се поврзани со политичката ситуација во наведениот регион, изјави заменик-министерот за одбрана на РФ Анаталиј Антонов.

Руско-кинеската заедничка воена вежба „Поморска соработка-2015“ ќе се реализира во Средоземното од 11 до 21 мај, соопшти во понеделникот заменик-министерот за одбрана на РФ Анатолиј Антонов.

„Во вежбите ќе учествуваат најмногу до десет бродови од различни класи на морнариците на Русија и Кина“, изјави Антонов по разговорите на министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу и заменик-претседателот на Централниот воен совет на Кина Фан Чанлун.

Според зборовите на Антонов, задачата на вежбите е реализација на заеднички дејствија за обезбедување на безбедноста на бродската пловидба. Целта на вежбите е продлабочување на практичната соработка меѓу двете земји по прашања на закани за морската безбедност.

„Вежбите не се насочени против трета страна и не се поврзани со политичката ситуација во наведениот регион“, изјави заменик-министерот за одбрана на РФ.

Антонов исто така соопшти дека уште една заедничка воено-поморска вежба ќе се одржи во август во Јапонското море. Во текот на таа вежба исто така „ќе треба да се одработи заедничко учество во миротворни операции, како и противтерористички и антипиратски дејствија“.

Според него, „кинеските пријатели ја потенцираа важноста на зголемувањето на ваквата практика, затоа што за нашите две земји има заеднички предизвици и закани“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња