Претседателот на Русија Владимир Путин ја смета Италија за еден од привилегираните партнери на РФ во светот, без оглед на компликациите во односите со Европската унија, соопшти ТАСС.
„Италија е еден од нашите, несомнено, привилегирани партнери во Европа и светот, трговско-економските врски, без оглед на сѐ, се наоѓаат во добра состојба“, изјави шефот на руската држава на средбата со премиерот на Италија Матео Ренци.
Путин призна, „дека има, се разбира, загуба во врска со извесни настани“. „Но во целина и според нивото на трговската размена Италија го зазема четвртото место меѓу партнерите на Русија“, смета рускиот лидер. Путин ги наброја сферите на соработка меѓу РФ и Италија: енергијата, атомската енергија, машинството, вселената. „Не знам за области во кои нема соработка“, призна тој.
Исто така, претседателот на РФ додаде дека Москва и Рим водат „многу активен политички дијалог“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче